Фото: Pexels

Бактерии и хемикалии од спалната соба се закана: Овие предмети фрлете ги пред да ви го загрозат здравјето

Бактерии и хемикалии, чии имиња често ни се тешки за изговарање, веќе се наоѓаат и во нашите спални соби. Лекар од Харвард предупредува дека секојдневни предмети во спалните простории можат да бидат преполни со штетни супстанции и микроорганизми, пишува „Е-клиника“.

Според гастроентерологот д-р Сураб Сети, особено критични се три „токсични предмети“ кои можат сериозно да го нарушат здравјето.

Стари перници

Стариот перник е идеално место за собирање грини, пот и алергени. Д-р Сети предупредува дека со текот на времето перницата може да стане легло на бактерии, да развие непријатен мирис и кај чувствителни лица да предизвика кожни инфекции.

„Влажноста од плунка, пот, мокра коса и влажниот воздух во просторијата создаваат идеални услови за развој на мувла и габи, што претставува сериозен ризик – особено за луѓе со респираторни проблеми. Јадрото на перницата со време се разградува, станува тенко, грутчесто и неудобно. Поради тоа може да се појават болки во вратот, главоболка, па ако перницата ја користите една до две години, време е да ја замените“, вели д-р Сети.

Освежувачи на воздух

Синтетичките освежувачи на воздух најчесто само го прикриваат непријатниот мирис, но можат и да го нарушат квалитетот на воздухот во затворен простор.

„Едно истражување открило дека 86 отсто од тестирани освежувачи содржат фталати – хемикалии поврзани со нарушувања на репродуктивниот систем и астма“, објаснува д-р Сети.

Студија објавена во „Интернешнл журнал од андролоџи“ наведува дека изложеноста на овие материи влијае на ендокриниот систем и го намалува развојот на делот од мозокот одговорен за производство на тестостерон кај момчињата.

Многу освежувачи испуштаат и испарливи органски соединенија како формалдехид, бензен и толуен, кои можат да го иритираат респираторниот систем, да предизвикаат кашлица, свиркање при дишење и отежнато дишење. Кај чувствителни лица, силните синтетички мириси можат да предизвикаат главоболки, осип, чешање или црвенило како последица од алергиска реакција. Некои истражувања укажуваат дека долготрајната изложеност на синтетички мириси може да го зголеми ризикот од хронични заболувања, па дури и рак.

Бактерии од стар душек

Душекот на кој спиеме со години може значително да влијае на квалитетот на сонот и да биде причина за болки во грбот. Како и кај перниците, и на душекот се таложат мртви клетки од кожата, прашина, влага, грини и алергени. Сето ова го загадува воздухот во спалната соба и може да предизвика здравствени проблеми, предупредува д-р Сети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот