Бајден: Трамп се откажа од оваа земја

epa08539670 Democratic presidential candidate Joe Biden's supporters in Florida attend to a demonstration against the US President Donald Trump in Little Havana, Miami, Florida, USA, 10 July 2020. Today President Donald Trump visited the U.S. Southern Command in Florida, where he received a briefing on SOUTHCOM Enhanced Counternarcotics Operations and later he participated in a roundtable on supporting the People of Venezuela in Doral, Florida. EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Забелешките на Бајден доаѓаат по последниот дел од кампањата кој го одржа во неговата матична држава Делавер.

Веројатниот кандидат на Демократската партија за претседател на САД, Џо Бајден, им порача на Американците дека претседателот Доналд Трамп кренал раце од нив и оти кренал раце од земјата.

Во обраќање кое е емитувано во живо на Интернет, Бајден го обвини Трамп дека не успеал да ја води земјата за време на пандемијата на коронавирусот, додавајќи дека заразата се шири секој ден и оти премногу Американци сè уште се без работа и губат надеж.

Поранешниот потпретседател рече дека личниот персонал на Трамп признал дека тој паднал на најважниот можен тест како американски претседател, пренесува „Гласот на Америка”.

За време на вчерашниот дневен брифинг за коронавирусот Трамп се обиде да ја претстави својата администрација како ефикасна во одговорот на пандемијата, велејќи дека потенцијалните вакцини ќе пристигнат многу порано отколку што се мислеше. Белата куќа повторно почна да одржува дневни брифинзи за Ковид-19 откако ги прекина во април.

Забелешките на Бајден доаѓаат по последниот дел од кампањата кој го одржа во неговата матична држава Делавер. Тој најновите поради ги пренесе на собирот што се одржа во основно училиште во Њу Касл, во присуство на помалку од 30 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот