Бајден: Само еден од претседателските кандидати е ментално неспособен, а тоа не сум јас

Џо Бајден / Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека само еден од двајцата кандидати за претседател на САД на овогодинешните избори е ментално неспособен и дека тоа не е тој, туку Доналд Трамп, пренесува АП.

„На овие избори двајца кандидати ја добија номинацијата на нивните партии. Но, еден од нив е премногу стар и ментално неспособен за работа. Другиот сум јас“, рече Бајден низ смеа на конференцијата на Демократската партија во Вашингтон.

Бајден упорно ги отфрла критиките за неговата возраст, наводно слабата меморија и збунувачкото однесување и наместо тоа ги истакнува овие недостатоци на неговиот противник, 77-годишниот Трамп.

„Немој да му кажуваш, тој мисли дека се кандидира против Барак Обама, тоа е она што тој го кажа“, рече 81-годишниот Бајден.

Бајден повтори дека победата на Трамп би била вистинска закана за демократијата. Тој, исто така, ги критикуваше врските меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

„Живееме во невиден момент во демократијата. Демократијата и слободата се буквално на удар. Путин дивее во Европа. Мојот претходник му се поклонува и му вели „прави што сакаш“, рече тој.

Бајден на конференцијата беше домаќин и на украинската амбасадорка Оксана Маркарова и естонската премиерка Каја Калас. „Нема да попуштиме. Тие нема да попуштат, ниту јас“, заклучи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот