Бајден под притисок, САД бара повеќе време за евакуација од Авганистан

Американскиот претседател Џо Бајден деновиве се наоѓа под голем притисок во јавноста, бидејќи на САД им треба уште време за да ја извршат целата евакуација од Авганистан. Бајден во наредниве 24 часа ќе одлучи за продолжување на рокот кој досега траеше до 31-ви август, пренесува Ројтерс.

Франција, Британија и Германија веќе размислуваат за продолжување на рокот во пресрет на утрешниот самит.

Талибанците сметаат дека доколку Бајден се одлули за продолжување на рокот, тоа ќе претставува прекршување на нивниот договор, каде било планирано целосно повлекување на САД до 31-ви август.

Десет илјади луѓе се евакуирани од главниот град Кабул, а илјадници други кои се обидуваат да побегнат се заглавени на аеродромот, каде веќе неколку недели владее хаос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот