Фото: ФФМ

Бабунски: Фаворити сме во групата, но треба да сме скромни и да се бориме

Сениорската фудбалска репрезентација на Македонија во текот на вчерашниот ден ги започна подготовките за двете гостувања со Летонија и Ерменија, а веќе денес патува за Рига.

Целта на Македонија во овие два натпревари е шест бода. Тоа го истакна и репрезентативецот, Давид Бабунски, но и порача дека мораме да останеме скромни и да се бориме.

„Посочени сме како фаворити во групата, но ние треба да бидеме скромни и да се бориме за шансата која ја имаме.Нема да биде лесно, посебно што играме на гостински терен. Денеска сите го развиваат фудбалот, играат тактички добро. Немаме многу време за подготовки, правиме анализа за да ги идентификуваме нивните слаби страни и се разбира ние да ги искористиме нашите шанси за да ги освоиме сите шест бода“, изјави Бабунски.

Натпреварот против Летонија, Македонија го игра за два дена на 10 октомври, а три дена потоа ќе го одигра и натпреварот против Ерменија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот