Фото; „Слободен печат“

Автокоманда конечно ќе добие зонско паркирање, но по изборите

Градоначалникот на Општина Гази Баба кој е и актуелен кандидат за втор мандат, Бобан Стефковски, денеска ги информираше жителите на Автокоманда дека е донесено долгоочекуваното Решение за утврдување на режим на зонско паркирање во Автокоманда, со што би се решил еден од најголемите проблеми во населбата.

„Решение кое жителите на Автокоманда го очекуваат повеќе од една деценија. Во моментов интензивно се работи на изработка на проектот за обележување на улиците и поставување на потребната сигнализација, а активностите на терен ќе започнат во најкус можен рок“, истакна Стефковски.

Како што посочи тој во објавата, приоритет ќе добијат жителите на населбата, со што секое домаќинство ќе добие две бесплатни картички за паркирање, но со оглед на тоа што локалните избори ќе се одржат на 19 октомври, односно следната недела, има големи шанси овој проект да биде реализиран по нивното завршување.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот