фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Австралијките и Американците ја продолжија својата доминација во штафетата 4х100

Австралијките го соборија сопствениот олимписки рекорд, кој го поставија пред три години во Токио.

Пливачите од САД го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз во штафетата на 4×100 метри слободно, додека златото ѝ припадна на Австралија во женска конкуренција во истата дисциплина.

На овој начин Американците стигнаа до третото последователно злато на Олимписките игри во таа дисциплина, а Австралијките го освоија четвртото.

Пливачите на САД до златото стигнаа за 3:09,28 минути, додека второпласираната селекција на Австралија беше побавна за 1,07 секунди, а третопласираната Италија за 1,42 секунди.

Во женска конкуренција, Австралијките го соборија сопствениот олимписки рекорд што го поставија пред три години во Токио.

Штафетата ја завршија за 3:28.92, што е за 0.77 секунди побрзо од претходните Олимписки игри. Среброто го освоија пливачките од САД, а бронзата кинеските пливачки кои го урнаа азискиот рекорд за три минути и 30,3 секунди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!