Авиони на германската авиокомпанија Луфтханза/ Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Авион на „Луфтханза“ принудно се врати во Њујорк поради дефект на моторот

Авион на „Луфтханза“ на лет од Њујорк до Франкфурт бил принуден да се врати назад поради дефект на моторот над Атлантикот, соопшти германската авиокомпанија.

„Значително зголемување на потрошувачката на гориво е забележано кај еден мотор за време на искачувањето“, изјави „Луфтханза“ за ДПА за инцидентот, кој се случил на 13 мај.

Во соопштението се вели дека моторот откажал, а пилотот прогласил вонредна состојба до контролата на летање и авионот се врати на аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк.

Моторот оттогаш е проверен, а неисправна контролна единица е идентификувана како причина за дефектот и е заменета.

„Авионот е повторно во употреба веќе неколку дена“, соопшти Луфтханза.

Авионот со 199 патници летал 10 минути без пилот, копилотот се онесвестил заклучен во пилотската кабина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот