
(АУДИО) „Геро ќе ги пука сега сите“, нова аудио снимка од „Рекет“
Се појави уште една аудио снимка „Геро ќе ги пука сега сите“, вели гласот кој наликува на познатиот бизнисмен кој е сведок во „Рекет“”.
Препорачано
Од деветте аудио записи објавени на „Јутуб“ а поврзани со случајот „Рекет“, во последните два кои се именувани со „11“ и „8“ се споменува извесен Геро, што упатува на тоа дека можеби станува збор за новинарот Бранко Героски кој прв објавуваше текстови за рекетот кој го земал Бојан Јовановски познат како Боки 13.
Гласот кој наликува на познатиот бизнисмен кој е сведок во „Рекет“, но и обвинет во случај на СЈО, вели „Геро ќе ги пука сите сега“.
Во деветта аудио снимка се слуша глас кој вели: Влегуваш во таков хард-кор порнич. Богат човек си, си направил услуги на светот, на запад. Седни изиграј малце, напрај, седни со Христијан, договори се. Свиткај кичма, си свиткал и за името. Се е договор, да го е**м. Што е ова тепање, крвови да има.
-Во оваа битка губи, он нема нуклеарка. Он има хелихоптери, од Љубе Бошковски на времето, оние. Тие не стануваат писта. Ова вака од Софија ќе биде, тагау, виу, бам кај Геро. Геро ќе ги пука сите сега. Геро ќе биде- се слуша во последната снимка објавена на Јутјуб.
Во последната објавена снимка се зборува за давање на 100 илјади евра на истражител за да даде некакво стикче.