фото: ABA League j.t.d.

Атанасов: Таков пресврт не смее да ни се случува, се надевам дека ќе извлечеме поука

Кошаркарите на МЗТ одиграа две дијаметрално различни полувремиња во Загреб, едно одлично, друго лошо, на крајот доволно за минимален пораз од Цедевита Јуниор (75:77).

Домашната екипа имаше подобра завршница во дополнителните пет минути, и со голем пресврт во кој надополни 16 поени во второто полувреме му се радуваше на првиот триумф во новото издание во натпреварувањето.

Тренерот на МЗТ, Васко Атанасов е свесен дека вакви пресврти не смеат да се дозволат:

– Тоа не смее да му се случи на мојот тим таков пресврт од ривалите, требаше подобро да ја затвориме разликата од 16 поени. Овој тим на Цедевита Јуниор е прилично добар, но направивме многу грешки. На почетокот на сезоната се надевам дека од вакви натпревари ќе извлечеме поуки. На гостински терен добро се боревме и заслужено водевме во текот на целиот натпревар, но противниците ги искористија своите можности и покажаа дека се подобриот тим денес – рече Атанасов по мечот.

Следниот натпревар македонскиот шампион ќе го има пред своите навивачи против Хелиос Домжале на 23 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот