Астероидот 2020 SW денеска ќе прелета меѓу Земјата и Месечината, научниците сметаат дека нема место за паника

Астероидот 2020 SW денеска околу 13 часот ќе помине покрај Земјата, на раздалеченост која е многу помала од онаа меѓу Месечината и Земјата.

Експертите сметаат дека астероидот ќе помине на оддалеченост од 27.000 километри, но нема да удри во нашата планета, па затоа нема простор за паника.

За визуелно да се претстави за какво растојание се работи, треба да се спомене дека Месечината е во просек оддалечена од Земјата 384.000 км, или околу 30 дијаметри на Земјата. Овој астероид ќе помине на растојание од околу 2,1 дијаметар на Земјата.

Научниците уште не ја имаат утврдено точната големина на астероидот, но не станува збор за преголем објект. Се претпоставува дека вселенската карпа е со големина помеѓу 4,4 и 9,9 метри.

Астероидот 2020 SW, кој беше откриен минатата недела, на 18 септември, нема да биде видлив со голо око, а се очекува гравитацијата на Земјата да ја промени неговата орбита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот