Арсовски за случувањата со Бугарија: Не доликува на земји-членки на НАТО да комуницираат на ваков начин

Портпаролот на Владата Душко Арсовски денеска на прес-конференција го повтори ставот во врска со разговорите со Бугарија и последните настани по состанокот на бугарскиот претседател Румен Радев со шефовите на безбедносните служби, за наводното непочитување на правото на самоопределување на Бугарите во земјава, дека треба да се внимава од сите страни вклучени во процесот и оти не доликува на земји-членки на НАТО да комуницираат на ваков начин.

-Премиерот имаше став, објаснување за ова во текот на вчерашниот ден. Можеме само да го повториме како Влада. Остануваме на внимателен наратив. Треба да се внимава од сите страни вклучени во процесот на преговори, вклучително од највисоките носители на функции од двете држави. Она што е најважно е дека не доликува на земји-членки на НАТО да комуницираат на ваков начин, рече Арсовски.

Арсовски одговарајќи на новинарско прашање дали Владата ќе реагира до меѓународната заедница во врска со ваквото вмешување од бугарска страна, рече дека Владата не расправала дали ќе има реакција до меѓународната заедница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот