Арсовска на средба со борците: На празникот на слободно Скопје треба да се памети херојството

Фото: Град Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје ја одржа традиционалната средба со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.

На средбата градоначалничката Арсовска им се заблагодари за тоа што го одржуваат споменот за пожртвуваноста, храброста и одлучноста на борците против фашистичкиот окупатор, кои го ослободија Скопје и Македонија за денешните и идните генерации да живеат во слободна држава.

Посакувајќи им добро здравје, градоначалничката Арсовска додаде дека на овој ден кој е празник на слободно Скопје, треба да се памети херојството и да се чува и развива нашиот град кој е синоним за соживотот и солидарноста.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот