Арсенал оружје пронајдено во тетовско, приведено едно лице

Фото: МВР

Полицијата во текот на вчерашниот ден го привела пеесет и петгодишниот Б.А од Мала Речица кај кого е пронајдена дрога и оружје.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Берета“, револвер, повеќе куршуми со различен калибар и повеќе делови за пиштол и ловечка пушка. Додека, при претрес во неговото возило „сузуки“ со тетовски регистарски ознаки биле пронајдени и одземени ловечка пушка, повеќе патрони со различен калибар и други предмети.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот