Архиепископот Јеронимос предлага референдум за истополовите бракови во Грција, владата одби

А зошто да не распишеме референдум за народот директно да каже?, се запраша поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот Јеронимос во однос на истополовите бракови во Грција, потенцирајќи дека тоа не е негов предлог, по што следеше одговор од владиниот портпарол Павлос Маринакис кој порача дека „прашањата поврзани со правата не се решаваат со референдуми“, јави дописничката на МИА од Атина.

Поглаварот на ГПЦ објасни дека неговиот предлог е „логично и правилно да одлучиме какво семејство сакаме во иднина“. Потсети дека во вторник Светиот Синод ќе одржи вонреден состанок за конкретното прашање и како што рече, тогаш официјално ќе се слушне ставот на црквата.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, утрово, во интервју за „Блумберг“ најави забрзување на процедурите за предлог-законот за истополовите бракови, откривајќи дека следната седмица ќе биде презентиран на владина седница, а потоа ќе биде ставен на јавна консултација, по што ќе биде доставен во Парламентот.

– Многу сум оптимист дека во првите две седмици од февруари ќе биде изгласан закон, рече Мицотакис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот