Портретот на грофицата Колеони од Џузепе Гисланди - Фото: STRINGER / AFP / Profimedia

Аргентинските власти пронајдоа слика украдена од нацистите во Холандија

Аргентинските власти објавија дека пронашле слика украдена од нацистите во Европа пред неколку децении. Портретот на грофицата Колеони, дело на италијанскиот сликар, беше изложен во канцеларијата на обвинителот во крајбрежниот град Мар дел Плата.

Портретот на грофицата Колеони од Џузепе Гисланди – Фото: STRINGER / AFP / Profimedia

 

Ремек-делото било на списокот на уметнички дела украдени од нацистите и се сметало за исчезнато 60 години, пишува Би-би-си.

„Портрет на дама“, беше исчезнат 80 години пред да биде забележан минатиот месец на веб-страницата на агент за недвижности, каде што на фотографија се гледа како виси во куќа што ѝ припаѓала на ќерката на нацистички бегалец.

Случајот доби меѓународно внимание кога холандскиот весник „Алгемин Дагблад“ првпат објави дека куќата ѝ припаѓала на Патриша Каџин, ќерка на Фридрих Каџин, висок функционер во владата на Адолф Хитлер, кој избегал во Аргентина на крајот од Втората светска војна.

Покојниот татко на Патриша Каџин, Фридрих, ограбил илјадници дела од цела Европа. Тој починал во 1979 година.

Судот им изрече казна домашен притвор на Патриша Каџин и нејзиниот сопруг под обвинение за попречување на истрагата за тоа каде се наоѓа сликата.

Обвинителите рекоа дека уметничкото дело сега е вратено од адвокатот на г-ѓа Каџин.

Портретот на грофицата Колеони е меѓу илјада уметнички дела украдени од нацистите.

Ариел Басано, експерт за уметност кој работел на случајот, им изјави на новинарите дека делото е „во добра состојба за своите години, бидејќи датира од 1710 година“.

Тој го проценил на „околу 50.000 долари“, според локалниот весник „Ла Капитал Мар дел Плата“.

„Портрет на дама“, беше дел од колекцијата на трговецот со уметнички дела од Амстердам, Жак Гудстикер, од која голем дел беше насилно продаден од нацистите по неговата смрт. Таа е наведена во базата на податоци за уметнички дела украдени од нацистите .

Питер Шоутен од холандскиот весник „Алгемин Дагблад“ (AD), кој ја објави првичната вест за повторното појавување на долго изгубеното уметничко дело, рече дека има докази „дека сликата била отстранета кратко потоа или откако се појавиле медиумските извештаи за неа“.

Некои од делата во сопственост на Гудстикер биле пронајдени во Германија по војната и изложени во Амстердам како дел од холандската национална колекција.

Неговата единствена преживеана наследничка, снаата Мареј фон Сахер, изјави дека нејзиното семејство „има за цел да ги врати сите уметнички дела украдени од колекцијата на Жак и да го обнови неговото наследство“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!