Бојан Јовановски - Боки 13 / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Апелација му ја намали затворската казна на Боки-13 за „Рекет“

Апелациониот суд за четири години му ја намали казната на Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 за случајот „Рекет“, односно од девет на пет години затвор, потврди за Слободен печат неговиот бранител Владимир Туфегџиќ.

-Поднесен е предлог за преиначување на правосилна пресуда без повторување на кривичната постапка согласно член 447 став 1 точка 3 од Законот за кривичната постапка. Апелациониот суд одлучуваше по жалба на одлука на кривичниот совет на Основниот кривичен суд – вели Туфегџиќ.

-Апелациониот суд Скопје, потврдува дека на ден 27.2.2025 година е донесена одлука која се однесува на обвинетиот Бојан Јовановски, а со која казната затвор е преиначена. Воедно ве известуваме дека во текот на утрешниот ден пресудата ќе биде достапна на нашата веб – страница – велат од Апелација за „Слободен печат“.

Боки 13 претходно од Кривичниот суд побара повторување на постапката, но судот го одби ваквото барање. Јовановски беше осуден на девет години за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“ и „перење пари“.

ВИДЕО | Боки-13: Имам закани, не им е сеедно на засегнатите во „Рекет“, тие се актуелни политичари и оние кои ја држат власта

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот