Антологија на македонската слем поезија ќе биде промовирана во КИЦ

Во Културно-информативниот центар (КИЦ) – Скопје на 22 јуни, во „Салон 19.19“, со почеток во 19.19 часот, ќе се одржи промоција на првата и единствена „Антологија на македонската слем поезија“ во уредништво на Елена Пренџова и во издание на „Театарска работилница – Прилеп“.

Во антологијата се поместени слем-песни од 10 слемер(к)и кои од самите почетоци на слемот во Македонија најактивно и континуирано настапувале на слем-настаните во организација на „Театарска работилница – Прилеп“ и Поетри слем Македонија, а при тоа достигнале уважени признанија и го промовирале македонскиот слем во странство, како Цветанка Колева, Перо Сарџоски, Марија Грубор, Лиле Јовановска, Исток Улчар, Игор Трпчески, Горазд Кени Китановски, Афродита Николова, Аница Блажевска и уредничката Елена Пренџова.

На промоцијата ќе настапат застапените слемер(к)и и замислена е како пријателски слем-натпревар во формат на натпреварите на националните избори што секоја година се одржуваат во Прилеп на 10, 11 или 12 октомври (датумот се поклопува со Денот на востанието на Македонија, кој посебно се прославува во Прилеп).

Настанот е со влезници, а влезница ќе претставува секоја купена книга во издание на „Театарска работилница – Прилеп“, вклучително и слем-антологијата и слем-зборниците од националните избори, а средствата собрани вечерта ќе одат за поддршка на слем-сцената во Македонија, известија од КИЦ – Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот