Судски совет - табла / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Анита Данилова е избрана за в.д. претседател на Виш управен суд

Судијката Анита Данилова со 12 гласа „за“  е избрана за в.д. претседател на Виш Управен суд, на денешната седница на Судски совет.

Советот, исто така, донесе одлука за утврдување на престанок на судиска функција на судиите Тони Јовановски и Марјан Грубиша од основни кривични судови поради исполнување на услови за старосна пензија.

На денешната седница беше донесена и одлука за објавување на оглас за избор на претседатели на Основен суд Кавадарци и Основен суд Струга, со надополнување и за објавување на оглас за основен суд Крушево, Берово и Делчево.

Од страна на членовите на судскиот совет беа разгледани одлуки на Управен суд, како и одлуки за времено упатување на судии за вршење на судиска функција во друг суд.

Советот расправаше и по бројни претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет.

На почетокот на седницата Советот избра нови претседатели во пет основни судови.

Судијата Бесник Авдија беше избран за претседател на Основен граѓански суд Скопје, кој бил единствен пријавен кандидат на огласот. За претседател на Основен суд Неготино беше избрана судијката Билјана Толова, исто така единствен кандидат. За претседател на Основен суд Кичево Советот го определи судијата Футурије Дервиши, еден од тројцата кандидати пријавени на огласот заедно со Амдије Зенгул и Билјана Кижевска. Во Основен суд Крива Паланка едногласно беше избран судијата Орце Јанковски како единствен пријавен кандидат и со 12 гласа „за“ во Основиниот суд во Штип беше избран судијата Ацо Тасев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот