Стојанче Ангелов/Фото: Драган Митрески - Слободен печат

Ангелов вели со сила да се иселат Ромите од Вардариште, Шукова реагира: Ова е врв на нечовечноста

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, вели дека решението за депонијата Вардариште е со сила да се реши проблемот со „една ромска група“ која, според него, е виновна за палење на отпадот.

„Се оградувам, не мислам на сите Роми, да не бидам обвинет за шовинизам, расизам и така натаму. Но оние Роми коишто живеат во депонијата се тие што палат кабли за да го извлечат бакарот…“, рече Ангелов во синоќешното гостување на поткастот „На кавга со Иван“ на Канал 5 .

Со реакција се огласи кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова која рече дека изјавата на Ангелов е тешка и опасна навреда за Ромите и го открива вистинското лице на оваа власт.

„Со кое право Ангелов кажува дека Ромите кои живеат во Вардариште требало „на сила да бидат иселени“? Ова е врв на нечовечноста, но и злоупотреба на луѓе од најниските слоеви за да се оправда нивната неспособност да направат нешто за да се спречат пожарите.

Ангелов и Тошковски во немоќ ниту да спречат, ниту да откријат виновници, а уште помалку да најдат исправно и хумано решение за луѓето, напаѓаат и дискриминираат цела заедница. Откако целата Влада излезе со различни ставови за тоа кој пали и кои се причините, откако сами себе се демантираат веќе цели два дена, сега конечно најдоа начин да се бранат со оцрнување и етикетирање“ порача таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот