Ангелов: До четврток трае огласот за ангажирање на 400 привремени пожарникари, заинтересираните да носат медицинска потврда

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов на прес-конференција информираше дека во четворток завршува огласот за ангажирање на 400 лица за гаснење на пожарите во текот на летото.

„Ги повикувам сите лица, кои се заинтересирани за оваа владина мерка да поднесат апликација во локалните центри за вработувања во било кој град во државата. Со нив треба да носат потврда од матичен доктор во која што се потврдува дека не боледуваат од тешки болести кои би пречеле во работењето на оваа исклучително одговорна работа. Други документи не се потребни. Од лицата кои ќе покажат интерес за оваа работа, ќе ги одбереме најдобрите и ќе имаат можност да бидат примени како професионални пожарникари во локалните противпожарни единици“, инормираше Ангелов.

На директорот на ДЗС, засега не му е позната бројката на заинтересирани кои се пријавиле за гаснење на пожарите, но рече дека има голем интерес за оваа владина мерка. Лицата кои ќе бидат ангажирани, ќе добијат месечен паричен надомест од 24.000 денари.

До пладне, на територијата на цела држава биле активни шест пожари, од кои најкритичен е оној во атарот на дојранското село Николиќ, но Ангелов се надева дека до вечерва истиот ќе биде ставен под контрола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот