Фото: Слободен печат

Ангела Ѓорѓиевска осудена на 19 години затвор за убиството на Пино

Скопјанката Ангела Ѓорѓиевска денеска од Кривичниот суд е осудена на 19 години затвор за нејзина вмешаност во убиството на 26-годишниот Пинета Секондо – Пино. Според судската пресуда, таа е виновна со тоа што помогнала во извршување на убиството кое, според доказите, го извршил Али Фуркан кој уште е во бегство.

Токму Фуркан пукал со пушка кон Пино, застрелувајќи го во главата, а Ѓорѓиевска му помогнала на убиецот телото на жртвата да го внесат во кола и да го закопаат во дупка во атарот на скопското село Љуботен.

Убиството на младиот Пино се случи во 2018 година, а неговото тело беше пронајдено во април 2019 година, кај местото наречено Башинец, во атарот на селото Љуботен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот