фото извор: facebook

Ангел Петрушев ќе настапи на Светското првенство во кајак слалом во Сиднеј

Со денешното свечено отворање започнува најголемото натпреварување за оваа година во слалом кајак, Светското првенство во Сиднеј, Австралија, што ќе се одржи од 29 септември до 4 октомври 2025 година.

Македонскиот кајакар Ангел Петрушев на 1 октомври во 11.37 часот ќе настапи во дисциплината K1.

Во истата дисциплина нашиот натпреварувач ќе ги одмери силите со уште 77 врвни натпреварувачи од целиот свет.

Австралиските фанови ќе имаат можност да бидат сведоци на повеќе од 300 спортисти од 50 земји.

Меѓу учесниците се и австралиските златни олимписки медалистки Џесика и Ноеми Фокс, како и олимпијците од Париз, Тим Андерсон и Тристан Картер.

фото: Macedonian Canoe Federation

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот