Анчелоти му одговори на новинарот: Ти давам шанса да прашаш нешто друго

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти/фото: EPA-EFE/J.J. GUILLEN

Карло Анчелоти беше тренер на Наполи од мај 2018 до декември 2019 година. Во декември 2019 година, тој беше отпуштен од Наполи неколку часа откако клубот од Неапол го победи Генк и се пласираше во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Анчелоти има договор со Реал Мадрид до крајот на сезоната. Еден од новинароте на прес конференцијата го прашаа италијанскиот стручњак дали сака да го продолжи договорот со мадридскиот клуб.

– Прекрасно си поминав во Неапол. Не сакам одмазда. Не размислувам за тоа. Ќе ти дадам шанса да поставиш уште едно прашање – беше одговорот на Анчелоти до новинарот.

Покрај Реал и Наполи, италијанскиот стручњак во кариерата ги тренираше и Реџина, Парма, Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Баерн и Евертон.

– Добро ги паметам сите тимови. Не сакам да покажам непочитување, но чувствувам нешто посебно за Милан и Реал. Едноставно затоа што Реал е најголемиот клуб во светот – се зборовите на Анчелоти.

В среда од 21.00 часот во петтото коло од Лигата на шампионите Реал Мадрид ќе го пречека Наполи на Елиф Елмас. На табелата во групата „Ц“ прв е Реал со 12 бодови и веќе обезбеди пласман во осминафиналето, Наполи е втор со седум, следуваат Брага со три и Унион Берлин со еден бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот