Амнести ја повикува ЕУ да им се придружи на САД во укинувањето на патентите за вакцините

Фото: EPA-EFE/MIGUEL GUTIERREZ

Амнести Интернешнл утрово порачува дека Европа денес се буди во нова политичка реалност во која грабањето вакцини станува неодржлива со оглед на катастрофалната ситуација во поранливите земји.

Веста дека САД поддржува укинување на патентите за интелектуална сопственост за вакцините против Ковид-19 ја стави Европската Унија во незгодна ситуација. Хуманитарните организации ја повикуваат ЕУ да се придружи, јави дописничката на МИА од Брисел.

Амнести Интернешнл утрово порачува дека Европа денес се буди во нова политичка реалност во која грабањето вакцини станува неодржлива со оглед на катастрофалната ситуација во поранливите земји.

– Време е за ЕУ да ги стави здравјето и човековите права пред приватниот профит, изјави портпаролката на Амнести Европа, Алисон Абрамс.

Лидерите на ЕУ треба се приклучат кон глобалниот напор за да се спасат безброј животи ширум светот со тоа што ќе поддржи укинување на заштитата за интелектуалната сопственост за вакцините против Ковид-19, повика Амнести.

– Светот е сега цврсто свртен кон лидерите на ЕУ да го преземат овој храбар чекор, велат од организацијата.

Индија и Јужна Африка, земји меѓу најпогодените од пандемијата, уште во октомври 2020 побараа да се укинат патентите. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот