
Американскиот сенатор Марфи: Курти не спомнa план за пристап до општинските згради, веднаш да престане со оваа провокација
Американскиот сенатор Крис Марфи соопшти дека на средбата со косовскиот премиер во понеделникот, Курти не го спомнал планот за пристап до општинските згради, додавајќи дека Курти треба веднаш да престане со „провокацијата“.
Препорачано
Според неговата оценка, денешните настани на северот се провокативен и непотребен чекор.
Во објава на Твитер, Марфи изјави дека телефонски разговарал со специјалниот советник во американскиот Стејт департмент Дерек Шоле за настаните на северот на Косово.
„Имав телефонски разговор со Шоле. Повторно е ова загрижувачки развој на настаните. За време на мојата средба со премиерот Курти во понеделникот, тој не го спомна планот за пристап до општинските згради. Како пријател на Косово, јас сум целосно изненаден и тој треба да веднаш да престане со оваа провокација“, рече Марфи.
Just off the phone with @CounselorDOS re this troubling development. In my meeting Monday in Pristina w/ PM Kurti, he made no reference of a plan to access municipal buildings. As a friend of Kosovo, I am caught totally by surprise and he should end this provocation immediately. https://t.co/PfF1BaVNB1
— Chris Murphy ? (@ChrisMurphyCT) May 26, 2023
Тој изјави дека овие општини се дел од Косово и се под јурисдикција на Приштина и дека службениците имаат законско право да пристапат до овие згради.
„Но, во овој момент, со таква тензична ситуација на северот, тоа е намерно провокативен и непотребен чекор“, заклучи Марфи.
Претходно Соединетите Американски Држави ја осудија денешната акција на косовските власти и побараа итен прекин на насилството.
„Соединетите Американски Држави ја осудуваат акцијата на косовските власти за пристап до општинските згради на северот на Косово. Денешните насилни мерки треба веднаш да запрат“, напиша на Твитер американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер.
Премиерот на Косово пак Албин Курти најави дека подоцна денеска ќе зборува за настаните на северот на Косово, односно за интервенцијата на косовската полиција кога новите градоначалници влегоа во зградите на локалната власт во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.
Градоначалниците на Зубин Поток и Звечан среде немирите влегоа во зградите на општините