Американски функционер тврди: Бајден побара од Русија да го продолжи договорот Нов СТАРТ

Џо Бајден и Владимир Путин / Фото: EPA/MAXIM SHIPENKOV

Администрацијата на новиот американски претседател Џозеф Бајден и предложила на Русија продолжување на Пактот за намалување на стратешкото оружје, познат како Нов СТАРТ.

Предлогот бил доставен до руски официјални лица, изјави анонимен американски функционер.

Сè уште нема официјална потврда од Белата куќа, иако американскиот државен секретар Ентони Блинкен претходно изјави дека ќе побара продолжување на договорот.

Новиот СТАРТ треба да истече во февруари и е последен договор со кој Русија и САД меѓусебно се ограничуваат за нуклеарно оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот