Американската влада бара од Конгресот да одобри продажба на 45 000 гранати на Израел

Израелски тенкови EPA-EFE/ATEF SAFADI

Американската влада побара од Конгресот да одобри продажба на 45 илјади гранати за израелски тенкови „меркава“ на Израел за неговата операција во Газа, изјавија еден поранешен и еден сегашен американски функционер, а пренесе БТА.

Барањето доаѓа во услови на зголемена загриженост во јавноста дека американското оружје се користи во војна која веќе ги однесе животите на илјадници цивили во палестинската енклава.

Според британските медиуми, потенцијалниот договор за продажба на ракети во вредност од над 500 милиони долари не е дел од пакетот дополнителна воена помош од 110,5 милијарди долари што го побара американскиот претседател Џо Бајден за Украина и Израел. Тој мора да биде одобрен од Комитетот за надворешна политика на Сенатот и Претставничкиот дом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот