Американската амбасада во Даблин ги советува туристите да не се движат сами

Архива на СП

Американската амбасада во Даблин ги советува посетителите во Ирска да избегнуваат да одат сами и да држат „низок профил“ по нападот на турист од Њујорк.

Предупредувањето од амбасадата, ги повика посетителите од САД „да практикуваат добри лични безбедносни практики“ за да бидат свесни за нивната околина, пренесува „Гардијан“.

„Избегнувајте да одите сами, ако е можно, особено за време на темни часови. Не носете или изложувајте скап накит или часовници и избегнувајте да носите големи количини готовина. Избегнувајте ставање пасоши, готовина, мобилни телефони или други вредни предмети во надворешните џебови на ранците или чантите или на маси на јавни места“, предупредуваат од амбасадата.

Други совети вклучуваат: „Избегнувајте зјапање во телефонот додека шетате на јавни површини. Ограничете ја употребата на слушалки кога сте во јавност. Внимавајте на консумирањето алкохол. Одржувајте низок профил“.

Предупредувањето доаѓа по нападот во кој Стивен Термини (57) се здобил со повреди кои му го промениле животот. Група млади го нападнле човекот на улицата Стор, во северниот дел на градот Даблин, на 19 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот