Американка загинала откако паднала од карпа висока 150 метри

Качување карпи / Фото: Suphatthra China / Alamy / Alamy / Profimedia

Дваесет и шестгодишна жена од Болдер, Колорадо, загинала откако паднала од околу 150 метри додека качувала на карпа во американскиот национален парк Роки Маунтин во неделата, соопштија од паркот. Нејзиниот 27-годишен придружник ги повикал чуварите на паркот да го пријават падот од карпата Блицен на планината Ипсилон, објави во понеделникот Службата за национални паркови, јави Си-Ен-Ен.

Слободното качување е ризичен метод на алпинизам, или качување по карпи, во кој алпинистите се качуваат без јажиња, помош или безбедносна опрема, што значи дека се незаштитени во случај на пад.

Членовите на тимот за пребарување и спасување стигнале до неповредениот партнер во неделата вечерта и со хеликоптер го пренеле во друг дел од паркот. Што се однесува до телото на 26-годишната жена, со хеликоптер било пренесено на попристапно место, а потоа пренесено во канцеларијата на лекарскиот вештак кој ќе ја утврди причината за смртта, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот