Ванда и Даниел Палмер/Фото: Принтскрин/Фејсбук/ Jackson County WV Sheriff's Department

Американка се разбуди по две години кома и ѝ откри на полицијата дека брат ѝ е напаѓачот

Ванда Палмер, жена од Западна Вирџинија во САД, се разбуди од двегодишна кома во која завршила во јуни 2020 година, откако била ѕверски претепана со мачета или секира во главата.

Таа сега, две години подоцна, како напаѓач го идентификуваше својот брат, се наведува во извештајот.

Шерифот на округот Џексон, Рос Меленџер, ги откри грозоморните детали за нападот и рече дека полицајците мислеле дека жената е мртва кога пристигнале на местото на настанот, пренесува „Вест Вирџинија метроњуз“.

– Детективите не можеа да го идентификуваат нејзиниот напаѓач и беа шокирани кога минатата недела добија повик од „Палмер установа за нега“ и рекоа дека жртвата се разбудила од кома. Имавме претпоставки за тоа што се случило, но немаше очевидци, снимки од надзорните камери ниту записи на мобилните телефони. Речиси немавме индиции кои би ни помогнале во истрагата – рече тој.

И покрај тешкото оштетување на мозокот, Палмер успеала да комуницира со детективите и им рекла дека нејзиниот брат, Даниел Палмер, е човекот кој ја претепал.

– Клучот на целиот случај беше во жртвата, а бидејќи таане можеше да комуницира, останавме без ништо. Но, ете, две години подоцна, таа се разбуди и може да ни каже што се случило – рекол Меленџер.

Напаѓачот Даниел Палмер наводно е уапсен поради обид за убиство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот