Американка која нападна вработена во Чипотле ќе мора два месеци да работи во ресторанот

Чипотле / Фото EPA-EFE/WILL OLIVER

На една жена од Охајо, која е осудена бидејќи фрлила чинија со бурито врз работник во познатиот американски ресотран за мексиканска храна Чипотлe, ѝ бил понуден необичен начин да го намали времетраењето на својата затворска казна.

Судијата нареди Розмари Хејн (39) два месеци да работи во ресторанот за брза храна. Хејн беше снимена во вирално видео како вреска кон вработените во Чипотле пред да ја фрли својата храна во лицето на една од вработените, пренесува Би-Би-Си.

Најпрво, таа требаше да плати парична казна и да одлежи 180 дена во затвор. Но, судијата доби друга идеја.

„Не ја добивте чинијата со бурито онака како што сакате, а вака реагирате? Ова однесување не е прифатливо“ вели судијата Тимоти Гилиган.

Судијата Гилиган и кажа на Хејн дека би можела да ја намали казната за 60 дена доколку се согласи да работи најмалку 20 часа неделно во ресторанот за брза храна два месеци. Хејн прифати. Инцидентот на 5 септември беше снимен од случаен минувач, кој го објави видеото на Редит, каде стана вирално.

На судот, Хејн се извини и се обиде да го објасни образложението зад нејзиното врескање кон работничката на Чипотле, 26-годишната Емили Расел.

„Ако ви покажав како изгледа мојата храна и како изгледа мојата храна една недела подоцна од истиот ресторан, тоа е одвратен изглед“, рече Хејн.

Емили Расел пред судот изјави дека била трауматизирана од инцидентот и оттогаш ја напуштила работата во Чипотле. Таа за „Вашингтон пост“ изјавила дека се вмешала за да заштити 17-годишна вработена на која Хејн му викала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот