Аеродромот во Лас Вегас/Фото Gina Kelly / Alamy / Alamy / Profimedia

Американец се обидел да украде авион и да замине во „Областа 51“: Сакам да ги видам вонземјаните

Полицијата во Лас Вегас уапси маж кој ја пробил безбедносната ограда на аеродромот, тврдејќи дека сакал да украде авион за да стигне до местото познато како Областа 51.

Човекот и рекол на полицијата дека сакал да го украде авионот за да може да лета до Областа 51 и да ги види вонземјаните. Тој бил уапсен во средата откако возел покрај оградата на меѓународниот аеродром Мекаран, а бил паркиран пред рампата на авионот и се заканувал со бомба, пишува Си-Ен-Ен.

Тој бил уапсен поради попречување на приватен имот и терористички чин, се наведува во полицискиот извештај.

Областа 51

Областа 51 е воена база лоцирана во јужниот дел на западна Невада во САД. Се користи како полигон за обука на воздухопловните сили на САД. Самото име всушност доаѓа од ознаката на мапата.

Таа воена база долго време беше во фокусот на различни теоретичари на заговор кои веруваат дека американската влада таму крие тела на вонземјани и НЛО.

Тој се заканил со бомба

Според полицијата, откако ја пробил оградата, мажот влетал меѓу неколку авиони, па се паркирал во близина на еден од авионите и им се заканил на вработените.

„Имам бомба. Ќе го кренам во воздух ова место“, им се заканил.

Сведоците велат дека тој носел маска на кловн. По заканата тој се вратил во возилото, додека вработените избегале на безбедно и почнале да го евакуираат аеродромот.

Кога пристигнала полицијата, успеала да го запре возилото и веднаш го привела осомничениот. При претресот на неговиот автомобил, полицајците пронашле направа која наликувала на резервоар за кислород и нешто што личело на апарат за гаснење пожар, околу кое биле обвиткани многу жици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот