Американците следат уште еден непознат балон на небото

Фото: Јутјуб/принтскрин

Американската војска следи мистериозен балон кој лета над американско тло, но не е јасно што точно претставува и чиј е, изјавиле тројца неименувани претставници на властите за „Eн-би-си Њуз“

Објектот прелетал над делови од Хаваите, но не поминал над „чувствителна“ област, велат официјалните лица.

Војската на САД го следела балонот од крајот на минатата недела и утврдила дека не претставува закана за воздушниот сообраќај или за националната безбедност и дека не пренесува никакви сигнали, според информациите.

Не е јасно дали станува збор за метеоролошки балон или нешто друго, вели еден од изворите, додавајќи дека САД сепак би можеле да го соборат доколку дојде блиску до височините кои се важни за оперирањето на комерцијалните авиони.

Објектот, кој се чини дека нема механизам за маневри полека се движи кон Мексико, велат изворите за „Ен-би-си“.

Американските власти овој пат не веруваат дека балонот е кинески, како во случаите пред неколку месеци и сѐ уште работат на идентификување на потеклото на леталото.

Кинески шпионски балон леташе над делови од САД на почетокот на февруари пред да биде соборен во близина на брегот на Каролина. Уредот успеал да собере разузнавачки информации од неколку чувствителни воени локации на САД, и покрај напорите на администрацијата на претседателот Џозеф Бајден да го спречи тоа, соопштија тогаш властите.

САД го соборија кинескиот воздушен балон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот