фото: facebook.com/Zv.Minist/Bekim Rexhepi

Алим Насуфи го освои „Златниот гонг“, злато и за Петар Арсовски

По 52 пат се одржа меѓународниот турнир во бокс „Златен гонг“ во спортската сала „Македонско Сонце“ при ООУ „11 Октомври“ – Центар, Скопје.

Покрај домаќинот Македонија, на ова престижно натпреварување имаше и учесници од Англија, Шведска, Молдавија, Бугарија, Романија, Унгарија, Србија, Црна Гора, Белгија, Словенија, Косово, Албанија и Полска.

Македонскиот боксер Алим Насуфи во категоријата 71 кг. во финалето триумфираше против Игор Рогиќ од Србија со резултат 3:2 и на крајот го освои „Златниот гонг“

До злато стигна и Петар Арсовски кој во категоријата 60 кг. во финалето со 5:0 го совлада Бугаринот Јордан Димов. Со бронза се закити Лена Дион во категоријата 63,5 кг.

Од останатите наши боксери во финалните борби, Филип Наковски (86 кг.) загуби од Англиланецот Тигн Скот со 0:5 ТКО прва рунда, додека Амер Амедов во категоријата +92 кг. беше совладан од Романецот Рарес Думитреску (0:5).

Сите резултати од финалните мечеви на „Златниот гонг“ можете да ги погледнете ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот