фото: mtftennis.mk

Алексовски победник на развојниот тениски шампионат во Анталија

Голем успех постигна младиот македонски тенисер Марко Алексовски со триумфот на развојниот шампионат (до 14 години) што изминативе денови се играше во Анталија, Турција. Тој триумфираше на вториот турнир, откако на првиот беше финалист.

Алексовски во финалето го победи Тала Емин Булут од Турција со 2:0 во сетови 7:6 (2) и 6:4, а претходно во полуфиналето беше поуспешен од уште еден домашен тенисер Бекир Деран Есендагли со 2:1 во сетови.

На патот до финалето Алексовски, кој беше рангиран и како прв носител во првото коло беше слободен, а потоа имаше убедливи победи против Ѓорѓе Кордиќ од Црна Гора (2:0) без загубен гем во второто коло и со 2:0 со три загубени гема во четвртфиналето од Марк Ваинберг од Молдавија.

Успехот на нашиот тенисер е исклучително важен бидејќи тој на ранг листата Race to Monte Carlo направи огромен скок за 161 место и сега се наоѓа на 72 место.

Во конкуренција на двојки Алексовски заедно со Алексеј Стојановски на вториот турнир беа полуфиналисти. Во конкуренција на тенисери и тенисерки покрај Алексовски и Стојановски на турнирите до 14 години настапија и кај девојките Иван Божиновска и Деа Крстевска.

Во истиот период се одржуваше и турнирот за тенисери и тенисерки до 12 години, а македонски преставници беа Томи Јакимовски и Ведрана Таневска. Таневска беше најдобра во consolation draw. Тенисерите до 12 години во првата недела од претстојот во Анталија беа дел од кампот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот