Албанија: Расте бројот на новозаразени, оздравени и починати лица од Ковид-19

epa08353716 Albanian citiziens walk through a sanitizing tunnel at a local market in Tirana, Albania, 09 April 2020, during the coronavirus disease (COVID-19) pandemic. EPA-EFE/MALTON DIBRA

Денеска пред Инфективната клиника се собраа поголема група роднини на пациенти незадоволни од, како што рекоа, недобивањето никакви информации за состојбата на нивните најблиски.

Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се 127 новозаразени со Ковид-19, 32 оздравени и шест починати лица.

Најголем број од новозаразените се од Тирана или 36, од Драч се 15 додека ново жариште станува Круја од каде се 28 од новозаразените.

– И покрај сите напори на здравствените работници, во последните 24 часа битката со опасниот вирус ја загубија шест пациенти, тројца од нив од Драч, со што вкупниот број на починати сега изнесува 188 починати. Од друга страна опасниот вирус го победија 32 пациента или вкупно 3.155 лица, соопшти Министерството за здравство и социјална заштита.

Со последно направените 531 тест, од почетокот на пандемијата до сега направени се 44.295 тестови. Позитивни на вирусот биле 6.016 лица, додека активни на болеста се 2.673 при што кај повеќе од илјада состојбата ја следат матичните лекари.

Во двете ковид болници се хоспитализирани 119 лице од нив 26 се во тешка здравствена состојба.

На обвинувањата на опозицијата дека двете болници се преполни со пациенти и оти нема место за нови, министерството соопшти дека двете болници располагаат со 500 кревети, дека сè уште има слободни кревети а оти доколку има потреба ќе биде отворена трета ковид болница со капацитет од 40 болнички кревети, која е целосно подготвена.

Денеска пред Инфективната клиника се собраа поголема група роднини на пациенти незадоволни од, како што рекоа, недобивањето никакви информации за состојбата на нивните најблиски. Се разотидоа по информациите и објаснувањата што им ги дадоа инфектолози од болницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот