Албанија издаде нова еврообврзница вредна 650 милиони евра

Баша: „Албанија тоне во долгови, а Рама се фали дека зел нов долг и се гордее што се задолжува”.

Албанската Влада со нова еврообврзница ќе се задолжи за 650 милиони евра, а сртедствата ќе бидат наменети за заживување на економијата.

Албанскиот премиер Еди Рама на Твитер напиша дека Албанија е „позитивно оценета на меѓународните пазари каде е издадена еврообврзницата”.

– Ние веруваме во Албанија и во книгата на нејзините сметки! Во својот пост на социјалните мрежи, премиерот ја напаѓа и опозицијата, која според него не знае како да ужива во доброто на оваа земја”.

Лидерот на најголемата опозициск Демократската партија, Љуљзим Баша на Твитер му возврати на Рама, пишувајќи дека „Албанија тоне во долгови, а тој се фали дека зема нов долг и се гордее што се задолжува”.

Албанскиот Парламент на пленарна седница на 4 јуни го поддржа барањето на Владата за ново задолжување, по што побара согласност од шефот на државата,Илир Мета, кој првично се спротивстави, но потоа даде согласност и одлуката беше објавена во Службен весник на Република Албанија.

Ова е четвртта еворобврзница со која се задолжува Владата во Тирана. Првпат тоа беше во 2010 година кога позајми 300 милиони евра, вторпат во 2015 година кога Албанија позајми 450 милиони со камата од 5,75 проценти, а која треба да ја подмири годинава. Последен пат се задолжи во 2017 година со 500 милиони евра со каматна стапка од 3,55 проценти и рок на враќање пет години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот