Алармот е вклучен: Кога последен пат Манчестер Јунајтед бил волку лош, испаднал од Премиер лигата

Фото: EPA-EFE/Liselotte Sabroe

Највозбудливиот натпревар во Лигата на шампионите вчера го одиграа Копенхаген и Манчестер Јунајтед, а данскиот тим славеше победа од 4:3.

„Црвените ѓаволи“ си дозволија да испуштат предност од 2:0 и 3:2, а во првото полувреме беше исклучен и напаѓачот Маркус Рашфорд. Но, репрезентативецот на Англија не може да биде единствен виновник за лошите изданија на тимот на Ерик Тен Хаг.

Колку лош е Манчестер Јунајтед покажува и податокот што во 17 одиграни натпревари во сите конкуренции тимот загуби девет. Тоа последен пат им се случило во сезоната 1973/74.

Тоа е сезона на која навивачите на Манчестер Јунајтед не сакаат да се сеќаваат бидејќи тогаш „црвените ѓаволи“ последен пат испаднаа од елитниот ранг на англискиот фудбал.

Малку кој верува во вакво сценарио, но дека ситуацијата е алармантна, тоа сигурно и прашање е до кога во раководството ќе имаат трпение за Ерик Тен Хаг.

ВИДЕО: Реал Мадрид, Баерн, Интер и Реал Сосиедад во нокаут-фазата од ЛШ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот