Акробатски летови во САД во знак на благодарност за здравствените работници

Во петокот, акробатски летови имаше и на небото над Аризона, Луизијана и Оклахома.

Над неколку градови во САД како Вашингтон, Балтимор и Атланта, синоќа беа изведени акробатски летови во чест на луѓето кои се на првата линија на фронтот во борбата против Ковид-19.

Пилотските акробатски групи „Тандербирдс” и „Блу енџелс” на воено-воздухопловните сили на САД, синоќа изведоа летови во чест на здравствените работници кои се борат против пандемијата. Освен над Вашингтон, ловците на воено-воздухопловните и воено-морските сили на САД, извршија акробатски летови и над Балтимор, најголемиот град на сојузната држава Мериленд, а потоа и над Атланта, престолнина на Џорџија.

Претходно, во петокот, акробатски летови имаше и на небото над Аризона, Луизијана и Оклахома.

Американските морнарички Сини Ангели и воздушната единица Тандербрдс, изведоа воздушни акробатски маневри во Вашингтон, по наредба на претседателот Трамп, во чест на медицинскиот персонал од првата линија на одбраната од Ковид-19, Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

На трговски центар во Вашингтон синоќа се собра народ и се набљудуваше воздушното шоу. Прво се чинеше дека луѓето се делат на групи и држат физичко растојание, но поради сончевото време се насобраа големи групи и илјадници гледачи. По овој повод експертите негодуваа дека не се држи физичка дистанца, судејќи според фотографиите.

Според најновите бројки, во САД регистрирани се речиси 1,2 милиона заболени од Ковид-19, додека од болеста починале 67.595 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот