
Ако сте толку паметни, зошто не сте богати: Што е тоа што прави разлика?
Колку е идниот успех на детето одреден од вродената интелигенција?
Економистот Џејмс Хекман вели дека тоа не е така како што мислат луѓето. Ги прашува образованите „ненаучници“ – особено политичари и креаторите на политиката, колку разликата во приходите кај луѓето може да биде поврзан со коефициентот на интелигенција. Поголемиот дел, претпоставуваат дека тоа е околу 25 посто, дури и 50, вели тој. Податоците укажуваат на многу помалку: 1 или 2 проценти.
Препорачано
Штом е така, ако коефициентот интелигенција е мал фактор за успех, што е тоа што прави разлика помеѓу луѓето со ниски примања, наспроти оние со високи? Или – ако си баш толку паметен, зошто не си богат?
Науката нема дефинитивен одговор, иако среќата секако игра улога
Друг клучен фактор е личноста, според Хекман. Тој открива дека финанскискиот успех е во корелација со совесноста, особина на личноста која најчесто е поврзана со трудољубивост, упорност и самодисциплина.
За да можеме да дојдеме до заклучок, важно е да се испитаат неколку различни типови податоци. Така, Хекман и неговите колеги разгледуваат проценки за илјадници луѓе на анкетите направени во САД и Велика Британија, Холандија. Збирните податоци ги следеле луѓето со децении, нивните приходи, но и криминалните досиеја, промената на телесна тежина, но и општата благосостојба и задоволство од животот. Буквално цел еден тековен информативен проток кој може да биде клучен за идните истражувања.
Студијата покажува дека оценките и резултатите од тестовите за постигнување се значително подобри предвидувачи за успехот на возрасните отколку необработените резултати на коефициентот на интелигенција. Тоа може да изгледа изненадувачки – на крајот на краиштата, зарем сите тие не го мерат истото? Не баш. Оценките не ја одразуваат само интелигенцијата, туку и она што Хекман го нарекува „некогнитивни вештини“, како што се упорност, добри навики за учење и способност за соработка – со други зборови, совесност. Во помала мера, истото важи и за резултатите од тестовите. Личноста секогаш се зема предвид.
Хекман, кој ја доби Нобеловата награда во 2000 година и е основач на Центарот за економија на човечкиот развој на Универзитетот во Чикаго, верува дека успехот не зависи само од вродените способности, туку и од вештините што може да се научат. Неговото сопствено истражување сугерира дека интервенциите во детството можат да бидат корисни, и дека совесноста е постабилна од коефициентот на интелигенција. Отвореноста – широка карактеристика што вклучува љубопитност – е исто така поврзана со резултатите од тестовите и оценките.
IQ-то е важна категорија, се разбира

Некој со коефициент на интелигенција од 70 нема да може да прави работи што се лесни за лице со коефициент на интелигенција од 190. Но Хекман вели дека многу луѓе не успеваат да се пробијат на пазарот на труд затоа што немаат вештини кои не се мерат на тестови за интелигенција. Тие не разбираат како да се однесуваат со учтивост на интервјуата за работа. Може да се појават доцна или да не се облечат правилно. Или на работа, тие даваат до знаење дека нема да направат повеќе од минимумот, или едноставно не покажуваат основен сенс за работата.
Џон Ерик Хемфрис, коавтор на трудот, вели дека се надева дека нивната работа може да помогне да се разјасни комплицираниот, често погрешно разбран поим за способност. Дури и тестовите за коефициент на интелигенција, кои беа дизајнирани да ги проценат вродените способности за решавање проблеми, се чини дека мерат повеќе од само „памет“. Во студија од 2011 година, психологот од Универзитетот во Пенсилванија, Ангела Дакворт, откри дека резултатите од коефициентот на интелигенција, исто така, ја рефлектираат мотивацијата и напорот на оние што ги полагаат тестовите. Вредните, мотивирани деца ќе работат понапорно за да одговорат на тешки прашања отколку подеднакво интелигентните, но помрзливите деца.
Сигурно не би било едноставно да се предава предмет во училиште „Личност“ или „Карактер“ (иако не е невозможно). Не е секогаш јасно дали една карактеристика е подобра од другата. Колку е поголем коефициентот на интелигенција, толку и свесноста ќе биде голема. Но, истражувачите на личноста сугеригаат дека златна средина е најдобра за останатите особини – не мора да сте толку интровертни да не можете да зборувате, ниту пак толку екстровертни што не можете да замолчите и да слушате.

Каква врска има ова со економијата?
„Нашата крајна цел е да ја подобриме човечката благосостојба“, вели Хекман, а главната детерминанта на благосостојбата се сведува на вештините што човек ги има и ги развива.
Една понова студија објавена во списанието „Nature Human Behavior“ се фокусираше на другата страна на успехот – тешкотиите. Откако следеле околу 1.000 Новозеланѓани повеќе од 30 години, истражувачите заклучиле дека јазичните тестови, бихејвиоралните вештини и когнитивните способности направени кога децата имале само три години може да предвидат на кого најмногу му треба социјална помош, ќе изврши злосторства или ќе се разболи хронично. Замислете ги тие можни претпоставки направени само со тестови!
Водечкиот автор на тој труд, психологот од Универзитетот Дјук, Тери Мофит, вели дека се надева дека резултатите ќе поттикнат сочувство и помош, а не стигма. Овие резултати, исто така, сугерираат дека помагањето на луѓето да подобрат одредени видови на вештини уште додека се малечки, ќе им користи на сите.