Ако планирате летување во Црна Гора ПАЗЕТЕ СЕ од крадци – Обиваат станови, крадат и на плажи, а ова им е ТАКТИКАТА

Фото: Профимедиа

За седум месеци од оваа година, црногорската полиција регистрираше 538 кражби, од кои расчистени се 385, а жртвите се обично граѓани за кои крадците знаат дека поседуваат скапоцени работи.

Моментално е летна туристичка сезона, па голем број на инспектори се распоредени на црногорското приморје.

Секој месец во Црна Гора се случуваат повеќе од 70 кражби, па полицијата ги повикува граѓаните да бидат внимателни, пренесува РТЦГ.

„Се случува крадците да ја набљудуваат „жртвата“ или да имаат некој кој ќе им јави кога таа жртва оди на одмор, за тие да можат да го обијат станот и да ги земат скапоцените работи“, кажува Милан Чирович од Секторот на криминалистичка полиција.

За време на летото почести се кражбите и на плажите, па на црногорското приморје се распоредени голем број на инспектори.

„Чекаат момент жртвата да влезе во морето, ја набљудуваат а потоа со својот пешкир ги кријат работите кои сакаат да ги одземат“, предупредува Чирович.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот