
Ако на компирот ги видите овие три работи, веднаш фрлете го во ѓубре
Компирот е една од најомилените намирници низ целиот свет од неколку причини.
Препорачано
Пред сè, станува збор за исклучително разновидна намирница што може да се подготви на многу начини – печен, варен, пржен, пире, во салати, супи и многу други јадења. Таа разноврсност му овозможува да се користи во различни кујни и јадења низ целиот свет.
Исто така, компирот е богат со хранливи материи. Содржи јаглехидрати, витамини и минерали како што се витамин Ц, калиум, фолна киселина и влакна, што го прави извор на енергија и важна намирница за здравјето. Компирите се исто така економични и лесно достапни, а нивната способност да впива вкусови ги прави совршен додаток на различни јадења.
Експерт за компири ги открива најчестите грешки при складирањето
Експерт за компири ги откри вообичаените грешки при чувањето што можат да го спречат компирот да остане свеж еден месец. „Стирлинг патејтос“, добавувачот од Ангус кој го снабдува „Алди Скотланд“, работи во индустријата за компири повеќе од 27 години и повеќе од една деценија е доверлив партнер на овој познат малопродражен синџир.
Златното правило за складирање
По повод Националниот ден на компирот, 19 август, директорот Ендру Стирлинг сподели совети за тоа како правилно да се складира оваа омилена намирница и предупреди на знаците кои укажуваат дека компирот повеќе не е безбеден за употреба, односно за јадење.
– Златното правило за чување на компирите е да се складираат на ладно и темно место. Најдобро е да се чуваат во задниот дел од фрижидерот – особено во лето, кога е премногу жешко. На тој начин можете да ги одржувате свежи до 30 дена – советува Стирлинг, пренесува британски „Сан“.
Тој додава дека малите изданоци на компирот не мора да значат дека е неупотреблив.
– Ако компирот само малку изртел, тој е сè уште целосно безбеден за јадење. Всушност, малите изданоци можат дури и да ја зголемат содржината на сувата материја, што значи поцврсти и поскробни компири – што некои луѓе повеќе ги сакаат – рекол Стирлинг.
Знаци на расипување
Меѓутоа, важно е да се обрне внимание на знаците на расипување.
– Важно е да се избегнуваат зелени изданоци или компири кои станале зелени, меки и сунѓерести. Откако ќе дојдат во таа фаза, квалитетот и безбедноста на компирот се доведени во прашање – предупредува Стирлинг.
Компирот е, како што напоменува тој, сестран и достапен, а може да се комбинира со различни вкусови – од сирење до грав, туна, свинско месо, кисело млеко и чили.
– Не можам да се сетам на ниту една друга намирница којашто е толку разноврсна. Можете да го печете, варите, пржите или изгмечите – па кој не би го сакал? – вели Стирлинг.
Греам Николсон, директор за групни набавки во „Алди Скотланд“, истакнал дека компирите се „непрепознаен херој меѓу зеленчукот“ и ја пофалил долгогодишната соработка со локалниот производител:
– Компаниите како „Стирлинг патејтос“ не се само наши добавувачи – тие се сржта на нашиот успех – рекол Николсон.