Акциите на Нетфликс скокнаа над 10 отсто минатиот месец

нетфликс
ФОТО: Pexels

Нетфликс, компанијата која направи револуција во домашната забава, беше жртва на сопствениот успех во последниве години. Глобалната пандемија доведе до пораст на корисници и во 2021 година, Нетфликс ги зголеми своите претплатници за неверојатни 18,2 милиони.

Компанијата неизбежно се соочи со забавување на растот на претплатниците по карантинот. Оттогаш, Нетфликс е зафатен со фино прилагодување на својот производ и подобрување на неговата содржина. Како резултат на тоа, цената на акциите на компанијата скокна за 14,94 отсто во текот на изминатиот месец.

Нетфликс, моментално има пазарен удел од 34,98 отсто во споредба со неговите главни конкуренти за стриминг, Aмазон (31,6 отсто) и Дизни (21,76 отсто). Компанијата моментално има вкупно околу 231 милион претплатници, што е за 4 отсто повеќе од претходната година.

Со својот финансиски извештај доспеан во април, компанијата се очекува да додаде 4,69 милиони претплатници. Со цел да продолжи со својата глобална експанзија и да привлече нови претплатници, компанијата всушност ги намали своите цени во повеќе од 30 земји, објави Индекс хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот