Фото: Pexels/Dziana Hasanbekava

Академик откри на која возраст мажите најмногу ги изневеруваат жените

Академик, филозоф и писател Владета Јеротиќ често зборува за машко-женските односи, бракот и влијанието кое партнерите го имаат врз децата. Во едно од неговите предавања тој ги објасни четирите компоненти на љубовта кои се клучни.

„Имаме духовна љубов, интелектуална, емоционална и физичка љубов. Нема да рангирам, секоја од тие љубови е важна. Четирите компоненти никогаш не се задоволени бидејќи не постои идеален брак. Нека бидат две, па дури и три… нека бидат кај едниот или кај другиот… не знам кој… секој е значаен. Секако, најтешко е да се балансира емотивниот живот. Претпоставувам дека најлесниот е интелектуалниот“, пренесува „Задовољна“.

„Штом ќе забележите дека една од овие компоненти слабее во вашиот брак, веднаш негувајте ја повеќе од другите (потребни ви се сите четири). Веќе реков, физичката љубов треба да трае онолку долго колку што може. Не ја занемарувајте физичката компонента, особено во средните години“, рече Јеротиќ.

Во предавањето, Владета Јеротиќ дополнително објаснува дека жените во 40-тите, а особено 50-тите природно почнуваат да ја губат желбата за секс, но предупредува дека тоа не е случај за сите жени. Во исто време, мажите кои, како што вели „не се занимавале со политика, не пиеле и не пушеле премногу“ имаат силен сексуален нагон и токму затоа мажите околу 50-тите години толку често изневеруваат. Јеротиќ напомена и дека сето тоа често го гледал во својата пракса и им рекол на жените „да се грижат за своите сопрузи на 50 години“.

„И кај жените има разлики, сето ова ви го кажувам од пракса. Некои велат – барем ме остава на мира. Тоа не е добро, па таа не е ни љубоморна, а претпоставувам дека е нормално да е љубоморна ако најде некој друг. И мажите – чудо на природата. Сè продолжува и продолжува, па имаат дете со млада жена, а имаат 60, 70 години. За мажите секогаш велам – сејач на живот или блудник“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот