Ахмети гласаше на внатрепартиските избори, за неучеството на „огнените“ вели дека трката е отворена за сите

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска одржува внатрепартиски избори за консолидација на нејзините партиските тела во 14 ограноци со примена на демократскиот принцип „еден член, еден глас“.

Лидерот на партијата, Али Ахмети гласаше во Кичево. За претседател на кичевскиот огранок во трка се Ардита Дани и Емин Емини.

Ахмети во изјава за медиумите, околу тоа дали се можни проблеми од страна на „огнените“, истакна дека нема причина за тоа. Според него, трката е отворена и сите можат да излезат на изборите.

„Не, нема причина, трката е отворена, сите можеа да се кандидираат, пријавувањата беа и преку печат и преку интернет, немаше никаква пречка да се покрене некоја дилема или такви работи. Денеска гласа членството на Демократската унија за интеграција. Сите имаа право да се кандидираат“, рече Али Ахмети.

Изет Меџити, еден од водачите на „огнените“ изјави дека нема да номинираат свои кандидати за претседатели на ограноците и нема да гласаат на внатрепартиските избори бидејќи, според нив, тие се нестатутарни зашто принципот „еден член, еден глас“ не е според Статутот на ДУИ. Воедно Меџити рече дека не учествиваат на изборите за да не ги легитимираат. Според него, изборите се фарса и однапред наместени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот