Аеродромот Бургас ќе се дотерува за летната сезона, се затвора еден месец

Аеродромот Бургас ќе биде затворен повеќе од три недели во март поради потребата од поправка. Ова го соопштија од компанијата концесионер на аеродромот. Сите летови ќе бидат прекинати од 06:00 часот на 7 март (четврток). Аеродромот ќе продолжи со работа во 00:00 часот на 31 март (недела), објави „Сега.бг.њус“.

„Тоа се активности кои се поврзани со нашата подготовка за летната сезона. Вклучени се поправки на површината на пистата и соодветно на системот за осветлување. Ние, како одговорен оператор на аеродромот Бургас, безбедноста на летовите и патниците ја поставуваме како врвен приоритет Се грижиме да обезбедиме инфраструктура која ќе обезбеди безбедно функционирање на аеродромот“, објасни директорот на аеродромот Георги Чипилски.

Од 31 март е планирано и обновување на летовите од Израел до Бургас. Сепак, се уште не може да се даде предвид како тие ќе се спроведат со оглед на геополитичката ситуација, посочи Чипилски. Авиокомпанијата Рајанер ќе ги продолжи своите летови од и до Бургас од 31 март, а во април и оние од: Краков (Полска), Виена (Австрија) и Лутон (Велика Британија); од мај ги обновуваат: Каунас (Литванија) и Варшава Модлин (Полска); а од почетокот на јуни од: Даблин (Ирска), Будимпешта (Унгарија), Братислава (Словачка), Гдањск и Познан (Полска). Друга нискобуџетна компанија – Виз Ар, планира да оперира со седум линии од втората половина на јуни од Бургас до: Виена (Австрија), Катовице, Гдањск, Лублин, Варшава (Полска), Будимпешта и Дебрецен (Унгарија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот