Фото: Скриншот од видео на Општина Аеродром

Аеродром ќе ја зајакнува хигиената на јавните површини, ќе се мијат и улиците

Општина Аеродром прави реорганизација во одржувањето на хигиената на јавните површини и воведува нов распоред за одржување на реоните, со  искористување на целата механизација со која располага општината. Оттаму информираат дека општинското Јавно претпријатие за комунални дејности ваков начин на одржување на хигиената ќе применува на целата територија на општината, при што е вклучено и миење на улиците и на јавните површини.

В. д. градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, претседателот на Советот, Антонио Петковски и директорот на Јавното претпријатие, Благоја Ѓорѓиевски денеска ги посетија екипите што почнаа со работа во населбата Ново Лисиче. Таму се косат тревните површини, се метат и се чистат плочниците меѓу зградите, а се кастрат и исушените и надвиснатите гранки на дрвјата. Исто така, отсега ќе се воведе и миење на површините за што е активирана посебна механизација за таа намена.

Од Аеродром ветуваат дека ваквиот начин на чистење се воведува како редовна практика, со што се очекува во наредниот период значително да се подигне нивото на хигиена на јавните површини во општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот