Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

АЕК Ларнака и Тричковски го елиминираа Партизан во квалификациите за ЛЕ

Српскиот вицешампион Партизан им приреди уште едно непријатно изненадување на своите навивачи во новата сезона и доживеа елиминација во квалификациите за пласман во групната фаза во Лигата на Европа.

„Црно-белите“ пред своите навивачи во Белград одиграа 2:2 против АЕК Ларнака за кого настапува поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски и не успеа да го надомести голот негатива од првиот натпревар (1:2).

Партизан два пати водеше со головите на Гомес во 24 и во 54 минута, но АЕК Ларнака успеваше да дојде до израмнување преку Гуршко во 51 и на Фараж во 57 минута. Тричковски, не настапи на овој натпревар.

Партизан се уште има шанса да игра во европските купови, тие во плеј-офот за пласман во групната фаза во Лигата на конференции ќе играат против тимот од Малта, Хамрун кој по подобро изведување на пенали го елиминира Левски Софија.

Хелсинки и во реваншот беше подобар од Марибор, овој пат на домашен терен славеше со 1:0 и со вкупни 3:0 ќе игра во плеј-офот за пласман во Лигата на Европа.

Предноста од првите натпревари им овозможи на Фенербахче и на Малме за кого настапува македонскиот репрезентативец Ердал Ракип, да ремизираат вечерва на гостувањата кај Словачко (1;1) и Дуделанж (2:2). Цирих со 3:0 го совлада Линфилд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот