Административците-членови на синдикатот на УПОЗ му се приклучија на протестот на вработените во културата

Протест на вработените од културата/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

На денешниот протест пред Владата на вработените во култура им се приклучија и вработените во Државен завод за статистика, министерствата за животна средина, земјоделство, транспорт и врски. Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), појасни дека протестот се проширува и не е само на вработените во Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм, туку и за сите административни службеници што се во опфатот на синдикатот на УПОЗ.

Преку мирен протест тие веќе со денови го изразуваат незадоволство поради како што велат, нивните недостоинствени месечни примања.

Како што наведуваат, во Министерството за култура и Управата за заштита на културно наследство, платите на речиси 70 отсто од вработените се под просечната плата во државава, а разликата со платите на вработените на истите позиции во установите од областа на културата била и по 10.000 денари.

На протестот беше нагласено дека вработените во овие три институции бараат покачување на платите по примерот на вработените во Министерството за финансии, кои со закон се зголемија за 30 проценти.

Бранко Костоски, претседател на Синдикакна организација при Министерство за култура на УПОЗ, потсети дека десетина дена, вработени во Министерство за култура, Управата и Агенцијата, мирно протестираат пред Влада и Министерство за финансии.

Идентитетот на државата е културата, а лицето на Владата е администрацијата. Ние сме можеби мала, но значајна алка за да врват работите, порача тој во името на сите што протестираат.

Деановски потсети дека вчера вработените од земјоделство најавиле дека ако нема покачување на платите, нема да се делат субвенции, нагласувајќи ја важноста од работењето на сите оние вработени што сега протестираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот